(Фото) Холивудската актерка Скарлет Јохансон го покажа својот скромен стан во кој живеела во Њујорк

Холивудската актерка Скарлет Јохансон го покажа својот стан во кој живееше додека беше сама во Њујорк. Таа сега го стави на продажба откако се омажи за комичарот Колин Џаст.

Ѕвездата од филмовите на „Марвел“ имаше скромен стан во центарот на Њујорк кој го купи во 2008 година. Станот имаше само 117 квадратни метри, а тогаш го купи за милион и пол евра, пренесе „Њујорк пост“. Сега Скарлет како што пишуваат медиумите на него изгубила илјади евра.

Станот има поглед на Ист Ривер, има две спални соби и две бањи, голем дневен престој, кујна и голем плакар. Фотографиите сега се достапни на интернет откако тој беше ставен на продажба. Обожавателите рекоа дека не се премногу воодушевени од него.

Далеку е ова од луксуз и покрај малата квадратура, тоа што се нарекува пентхаус и што е во стакло не го крие фактот дека станот е со големина за кутија за чевли. Ова ич не личи на раскошен стан, а не е ни нешто скап според њујоршките стандарди“, ѝ напишаа тие.

За потсетување, Скарлет во улогата на „Црната вдовица“ заработи 56 милиони долари.

.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @keylead_media

Scroll to Top