Иман Боуви, поранешен супермодел и сопруга на покојниот музичар Дејвид Боуви, вчера се појави на доделувањето на наградите Golden Hearth во Њујорк. Таа и на својот профил на Инстаграм објавила фотографија од тој настан. Поранешниот супермодел има 63 години, но не изгледа така, а и светските медиуми пишуваат дека Иман не им се дава на годините. Помина повеќе од две години откако почина Дејвид Боуви.
Иман и Боуви се венчаа во 1992 година и ја имаат ќерката Александрија Захра Џонс (18).