(Фото) Ирина Шајк и ќерката Леа модерни во детски парк во Њујорк

Рускиот модел Ирина Шајк и нејзината ќерка Леа вчера се забавуваа во детски парк во Њујорк. Двете носеа кратки панталони и исти шарени маички што се хит ова лето, а модните критичари на „Дејли меил“, кој ги објави сликите од нивното дружење, го пофалија стилот на мајката и ќерката.

Манекенката од неодамна е повторно активна во светот на модата.  И покрај тоа, таа секој момент го користи за да биде со ќерка си, која ја има од врската со глумецот Бредли Купер. Откако раскина со Бредли и го напушти заедничкиот дом во Калифорнија, Ирина се пресели во Њујорк.

За потсетување, според светските медиуми, причината за разделбата на Ирина и Бредли е неговата наводна врска со Лејди Гага, со која го сними филмот „Ѕвездата е родена“. Неодамна се пишуваше и дека Гага веќе се преселила кај Купер, но и дека е бремена со нивното прво дете.

Лејди Гага е трудна од Бредли Купер

Scroll to Top