(Фото) Ирски режисер во фустан се прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Сараево

Ирскиот режисер Марк Казинс во фустан дојде на отворањето на 29. филмски фестивал во Сараево. Ирецот на црвениот тепих прошета во јакна, кошула и здолниште, во кобинација со тениски чевли и високи спортски чорапи. На фестивалот ја доби наградата „Почесно срце на Сараево“.

Ова не е негова прва посета во Сараево. Во Босна беше и во 90-тите години, за време на опсадата, кога на граѓаните им беа донесени филмови од фестивалот во Единбург и беа прикажани во просторот на Академијата за изведувачки уметности.

„Пренесувањето на филмови од Меѓународниот филмски фестивал во Единбург во Сараево за време на неговата опсада ми покажа зошто филмовите се важни. Повеќето од работите што ги направив оттогаш беа под влијание на тие страшни, инспиративни недели во 1994 година. По 29 години повторно се вратив во Сараево“, рече Марк.

За потсетување, сараевскиот филмски фестивал годинава трае од 11 до 18 август. Веќе привлече бројни светски ѕвезди, а проекциите ќе се одржат во подрумот на Сараевската академија на Изведувачки уметности.

Scroll to Top