(Фото) Ивана Трамп со нејзиниот поранешен сопруг на романтична вечера во Рим

Успешната претприемачка Ивана Трамп, по посетата на Србија, го посети и Рим држејќи се за рака со поранешниот сопруг Росан Рубикондиј (45).

68 годишната Ивана заминала на вечера во еден луксузен ресторан со нејзиниот четврт сопруг. Во брак влегоа пред година дена, но по разводот останаа добри пријатели.

Многумина се чудеа на нивната отворена блискост во Рим, но тие двајцата не реагирале премногу ни на репортерите кои ги следеле.

Ивана за прв пат се омажила за Алфред Винклмајер, во седумдесетите години, а потоа се заљубила во сегашниот претседател на Америка Доналд Трамп со кој мина во брак 14 години. Ивана и Доналд имаат три заеднички деца. 36 годишната Иванка, која сега му е десна рака на Трамп во Белата куќа, 40 годишниот Доналд помладиот и 34 годишниот Ерик.

Третата среќа со Рикард траела само две години.

Сепак, поранешниот чешки модел не им замерува ништо на нејзините поранешни сопрузи. Таа сака да ужива и да живее во секој момент. Облечена е во фустан со храбро деколте и самоуверено го држеше за рака својот заводлив и 24 години помлад сопруг со кого била во брак пред девет години.

Ивана, може да се каже дека знае да ужива во животот. Во текот на есента и зимата живее во Мајами, а за пролет и лето заминува во Њујорк.

„Се трудам да бидам блиска со сите мои поранешни сопрузи. Тоа го научив од мојата мајка. Таа сега има 92 години и често ме посетува“, изјавила за списанието Глориа госпоѓа Трамп, која својата неверојатна енергија и ја припишува на гените.

 

 

 

Scroll to Top