(Фото) Јас и мојата прабаба во Македонија, светската ѕвезда Бебе Реџа се сети на детството во Гостивар 

Пејачката Бебе Реџа на Инстаграм објави фотографија со нејзината прабаба, направена во Гостивар, кога таа имала 4 години.

„Јас и мојата прабаба во Македонија“, напиша популарната пејачка.

Пејачката со албанско потекло е родена во Њујорк, а нејзините родители се од Дебар и Гостивар. Таа има американско и македонско државјанство и во јавноста често зборува за нејзиното  потекло. Пејачката неодамна објави видео како јаде ајвар пред доделувањето на Греми наградите. Тогаш рече дека ајварот ѝ е едно од омилените јадења.

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

Scroll to Top