(Фото) Карантиот го огрди и Џад Лоу: Љубовникот од Холивуд не личи на себе

Британскиот глумец Џад Лоу (47) ги изненади фановите со својот запуштен изглед. Со несредена долга коса, брада и малку здебелен, Лоу беше да трча низ улиците на Лондон, каде што го фотографираа папараците. „Некому не му годи карантинот. Огрден е љубовникот од Холивуд“, коментираат на „Твитер“.

Лоу сега првпат се појави во јавноста, откако пред неколку месеци неговата сопруга Филипа Коан (33) откри дека е бремена.

Љубовната врска со Филипа, која е психијатар, Лоу ја почна во 2015 година. Се венчаа лани во лондонската градска општина Олд Марлибоун, три месеци откако објавија дека се свршиле.

Инаку, бебето со Филипа ќе биде шесто дете на Лоу. Тој од бракот со британската дизајнерка Сејди Фрост има два сина и ќерка: Раферти (23), Руди (17) и Ајрис (19). Од кратката врска со манекенката Саманта Бирк ја има 10-годишната ќерка Софија, а ја има и ќерката Ада (5) од врската со пејачката Кетрин Хардинг.

Scroll to Top