(Фото) Кардашијан го покажа синот Псалм

Американската старлета Ким Кардашијан ја објави првата фотографија од нејзиното четврто дете Псалм. Едномесечното бебе Ким и Кање Вест го добија преку сурогат-мајка.

Првите две деца Норт и Саинт, ги има родено Ким, а за Чикаго и Псалм, двојката ангажирала сурогат мајка. Кардаршијан и Вест се во брак од 2014 година.

На фотографијата на „Инстаграм“ Кардашијан го напишала средното име на бебето Psalm Ye. Магазинот People пишува дека за разлика од Псалм, првите три деца на раперот Вест и Кардашијан немаат среди имиња.

Новинарите на магазинот TMZ пренесуваат дека го имаат видено државјанството на Псалм и дека и таму не стои средното име на Пслам. Таблоидот пишува дека Psalm Ye е само надимак кој му го дале неговите родители.

 

Scroll to Top