(Фото) Касандра го поздрави Ноле по победата во Париз

Познатата колумбиска актерка Кораима Торес, најпозната по улогата на Касандра во популарната латино-серија, преку „Инстаграм“ му ја честиташе победата на Новак Ѓоковиќ на „Ролан Гарос“. Таа објави негова фотографија и напиша „Браво, Ноле“.

Кораима, која во времето кога беше најпопуларна, ги посети Македонија и Србија, беше пречекана како голема ѕвезда. Таа и денес често се навраќа на тие денови и со емоции зборува за тоа како ја пречекале на Балканот.

Scroll to Top