(Фото) Кејт Мидлтон играше криенка со деца кампери

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон беше во посета на кампот за деца извидници во паркот Џивел. Сопругата на принцот Вилијам имаше можност да се дружи со тинејџерите, а на моменти со некои од нив играше криенка.

Кејт беше облечена во јакна Barbour, црвен J.Crew џемпер, џизми од брендот Chole, темни фармерки, а изгледот го комплетиралa со шарена извидничка марама.

Кејт носела пуштена коса, на себе имала класична шминка и златни обетки. За време на својот престој им раскажувала на децата приказни за нејзините авантури како тинејџерка, береле цвеќиња, цртале и боеле.

Војвотката прво се забавувала со децата од помала возраст, а подоцна им се приклучила на извидниците. Кејт не ја криела желбата еден ден и нејзините три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис да се приклучат во камп за извидници.

Scroll to Top