Војвотката од Кембриџ го посети новиот гарден-центар во близина на нејзиниот дом во Норфолк, а сите се со надеж дека работите ќе се вратат во нормала. Ова е нејзино прво појавување во јавноста од март годинава.
Поради пандемијата на коронавирус, војвотката беше во карантин, а сега таа ја искористи можноста да разговара со сопственикот на градинарскиот центар и работниците.
Ова е нејзино прво појавување во јавноста од март годинава. Таа ја искористи можноста да разговара со сопственикот на градинарскиот центар и работниците.
Тие зборуваа за мерките за заштита од вирусот, но и за тоа како нивниот семеен бизнис се затвори седум недели поради пандемијата.
Во исто време, принцот Вилијам ја посетил локалната пекарница, разговарајќи со сопствениците и вработените за тоа како стопирањето на работата влијаело врз заработката и семејните финансии.