И покрај тоа што изминатиот период светските медиуми обелоденија дека за шест месеци, кралицата Елизабета ќе се повлече од тронот и дека на нејзино место на престолот ќе седне нејзиниот син принцот Чарлс, сепак во јавноста сега кружат поинакви шпекулации.
Британските медиуми пренесуваат дека војвотката Кејт Мидлтон, според начинот на нејзиното облекување, навестила дека круната ќе заврши кај нејзиниот сопруг принцот Вилијам и дека таа преку изборот на нејзиниот аутфит, се подготвува да стане кралица.
Модниот експерт, Ентони Меграт, за Express UK, коментирал дека според некои од нејзините последни модни изданија, може да се заклучи дека 38 годишната војвотка дава знак дека е подготвена да биде кралица, титула која ќе ја добие кога нејзиниот сопруг ќе стане нов крал.
„Кејт со нејзиниот избор на фустани и шарени примероци остава впечаток дека сака да стане кралица.Во последно време може да се види како носи долги фустани и капути со минималистички крој. Во својот аутфит, таа внее и доза на сериозност“, вели модниот експерт.
Од палатата засега се немаат огласено официјално по повод крунисувањето на новиот крал, но во јавноста се смета дека Кејт Мидлтон на индиректен начин, наговести кој ќе го превземе престолот.