Поранешниот топ-модел Кејт Мос е ново заштитно лице на брендот „Скимс“ на Ким Кардашјан. Таа ја рекламира долната облека за затегнување и обликување на телото. На првите фотографии Мос (47) позира во црна и беж долна облека.
Мос не е првата ѕвезда што го рекламира популарниот бренд на Кардашјан. Реалната ѕвезда и претходно ангажира познати личности да ги промовираат нејзините модели вклучувајќи го и американскиот олимписки тим и нејзината блиска пријателка Парис Хилтон.