(Фото) Кејт објави емотивна семејна слика за роденденот на принцот Вилијам

Принцот Вилијам денеска полни 38 години. Тој роденденот ќе го прослави само со семејството, сопругата Кејт и децата Џорџ, Шарлот и Луис, соопштија од Бакингамската палата. Но, роденденот јавно му го честита и Кејт, која објави слика на која е Вилијам со нивните три деца. И оваа фотографија, како и повеќето што се објавени на официјалните инстаграм-страници на кралската двојка, ја сликала Кејт.

„Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство споделуваат нова слика на Војводата со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис пред роденденот на војводата. Фотографијата е направена на почетокот на овој месец од војвотката,“ пишува покрај сликата.

„Толку многу љубов на едно место“, пишуваат фановите, заедно со роденденските честитки за принцот.

Војвотката од Кембриџ веќе подолго време постојано го слика своето семејство. Таа откри дека фотографијата отсекогаш ѝ била љубов и дека сега конечно има време да му се посвети на своето хоби. Таа во интервју рече дека веќе не излегува без апаратот кога одат на семејни прошетки и дека тогаш, кога се сите сами и опуштени, ги прави најубавите слики од сопругот и децата.

Scroll to Top