(Фото) Ќерката на Бијонсе ja рекламира облеката на нејзината мајка

Ајви Блу, ќерката на Бијонсе и Џеј Зи, се појави како професионален модел во најновата кампања на Бијонсе модната линија „Ајви парк“. Деветгодишната Ајви Блу рекламира спортска облека, која Бијонсе ја создаде во соработка со „Адидас“.

Бијонсе за најстарата ќерка вели дека е многу талентирана, паметна и вредна и дека сама сакала да учествува во модната кампања.

„Не ѝ кажувавме што да прави, сама ги координираше позите“, рекла поп-ѕвездата.

Лани Блу Ајви стана една од најмладите номинирани во историјата на Греми. Нејзиното име првично не беше ставено на листата, но подоцна беше додадена на листата за најдобро музичко видео за Brown Skin Girl.

Претходно Ајви Блу ја освои наградата NAACP Image за извонредно дуо, група или соработка за Brown Skin Girl и награда за Soul Train за видео на годината за Brown Skin Girl. Двете награди ги доби заедно со нејзината мајка, Сен Џон и Визкид.

Scroll to Top