(Фото) Ќерката на Брус Вилис се соблече гола и најави дека ќе се исели од дома

Ќерката на популарната поранешна холивудска двојка Брус Вилис и Деми Мур, Талула Вилис, објави фотографија на „Инстаграм“ на која е гола.

Под фотографијата на која позира на трева, во положба на фетус, таа напишала порака со која најави дека ќе се исели од нејзиниот дом кој ѝ донел само немир и дека со нејзиното момче ќе се преселат на друго место, пишува „Дејли мејл“.

„Се простувам од овие ѕидови внатре во кои љубовта цветаше, во кои пријателите станаа семејство. Го допрев дното меѓу овие ѕидови, станав безгласно прашање од кое денес ме лазат морници. Ја обвинував куќата и сакав да побегнам. За време на сите нејзини трансформации и моите промени на фризурата, се чувствував исполнето. Се чувствував како заљубена жена која секој ден се бори за среќа. Затоа ќе го земам сето тоа што ми треба, а остатокот ќе ти го оставам тебе доме, затоа што има уште многу да проживеам“, напишала Талула, која како и нејзините две сестри Скаут и Румер, се борела со зависностите во време на нејзините тинејџерски денови.

Најтешките моментиѝ се случиле по разводот на нејзините мајка и татко. Брус и Деми се разведоа пред 20 години, по што и двајцата беа во лоши односи. Денес, како што пишуваат медиумите и изјавуваат нивни блиски пријатели, наводно се најдобри пријатели.

Scroll to Top