(Фото) Ќерката на Хајди Клум на 17 години позира топлес

Ќерката на супермоделот Хајди Клум (48), Лени, се сликаше топлес за британското списание „Ролеркостер магазин“. На сликата Лени (17) позира во раскопчано палто и со рака ја покрива голата града.

Фотографијата предизвика негативни коментари, бидејќи ќерката на Клум е сè уште малолетна.

„Дали е тоа воопшто легално? Таа има само 17 години“, „Ова е нелегално“, „Девојко, зарем не си малолетна? Кој ти дозволува да правиш вакви работи? Каде е мајка ти?“, коментираат на социјалните мрежи.

Во коментарите многумина ја критикуваат и поранешната манекенка.

„Каква мајка е таа што дозволува нејзината малолетна ќерка да објавува такви фотографии. Таа е дете. Не треба да дозволите да биде сексуализирана на тој начин“, пишуваат на интернет.

Scroll to Top