Ќерката на пејачката Мадона, Лурд Леон, на Модната недела во Лондон го привлече вниманието, а по ревијата замина на забава организирана од магазинот Love, во еден хотел во Лондон. Папараците ја следеле и ја фотографирале. Лурд е облечена во долга маичка, која ја употребила како фустан, во комбинација со мала чантиа и капут со тигарски принт. Била пијана, пренесуваат медиумите, до толку што и се слошило. Лурд , ќерката на Мадона, често привлекува внимание со начинот на живот. Таа исто како и нејзината мајка, не се депилира, па на социјалните мрежи објавува фотографии покажувајќи ги пазувите, нозете, а таква шета и по модните писти.