Пејачката Кети Пери и нејзиниот сопруг, глумецот Орландо Блум, ќе им бидат нови соседи на популарната двојка Хари и Меган Маркл. Тие за вилата во Калифорнија потрошиле 14,5 милиони евра, пишуваат американските медиуми.
Пери и Блум во август годинава станаа родители и добија девојче, кое го крстија Дејзи Дав. Двојката сега одлучи со малата ќерка да се пресели во нова луксузна вила.
Во нивна близна ќе бидат и популарната водителка Елен Деџенерис, пејачката Аријана Гранде и водителката Опра Винфри.
Луксузната вила што Пери и Орландо ја купиле 20 години била во сопственост на познатиот бизнисмен Роберт Кидер и она што ја издвојува од другите е влошебниот поглед – од едната страна океанот, а од другата зелените брда.
Исто така, во дворот има базен, а во внатрешноста куќата е опременета со скапоцен мебел.