(Фото) Кети Пери се соблече и пет дена по породувањето покажа како ѝ изгледа телото

Американската пејачка Кети Пери објави фотографија по долна облека и со пумпа на градите, пет дена по породувањето. Таа е без шминка и фризура, па напиша дека за нејзиниот изглед се погрижила „исцрпеноста“.

Пејачката  ја објави фотографијата во време кога во Њујорк се одржуваа МТВ ВМА наградите и се пошегува дека првпат не се дотерала на доделувањето на наградите, па не може да оди несредена.

За потсетување, пејачката и нејзиниот свршеник, глумецот Орландо Блум, минатата недела добија ќерка, која ќе се вика Дејзи Доув. Ова е прво дете на Кети, а второ на Орландо, кој го има синот Флин со манекенката Миранда Кер.

Scroll to Top