(Фото) Кети Прајс на плажа му ги соблече боксерките на момчето

Британската ѕвезда на реално шоу и поранешен модел Кети Прајс (40) во моментов одмора со дечкото, фитнес-тренерот Крис Бојсон (29), на плажите во Тајланд.

Папараците ги забележале на плажа. Британските медиуми пишуваат дека старлетата ја наместила целата работа со репортерите за да заработи дополнителни пари за судските процеси.

Бојсон носел боксерки и изгледал незаинтересирано. Прајс гола лежела на песочната плажа. Не ѝ пречеле ни погледите на туристите кои биле во близина.

Прајс за момент ги слекла боксерките на момчето за да добие целосно внимание.

„Кејт секогаш има потреба да направи пари од сè. Без разлика дали тоа е добра или лоша работа“, вели извор близок до Британката за The Sun.

Нејзиното богатство се проценува на 45 милиони фунти. Медиумите шпекулираат дека од новото момче искеширала 300 000 фунти.

Scroll to Top