(Фото) Кетрин Зета Џонс со разголено деколте на роденден кај канадски милијардер

Холивудската двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас присуствуваа на прославата на 60. роденден на милијардерот од Канада Лоренс Строл. На забавата актерката го придржуваше својот 25 години постар сопруг.

Забавата се случуваше на островот Капри во Тиренското Море. Фотографиите се направени на патот кон луксузната вила на Лоренс. Кетрин носеше црн деколтиран фустан, додека Даглас имаше бел костум. Многумина фанови коментирале дека деколтето на Кетрин било непристојно.

И покрај разликата во возраста, двајцата оваа година ќе прослават 19 години брак. Глумицата минатата година ја шокирала јавноста кога изјавила дека таа и сопругот имаат отворен брак.

„Никогаш не сум размислила дека е можно некој да помине 18 години заедно и сè да биде идеално. И Мајкл и јас имаме силен отворен брак и врска. Кога имате деца, кои не се виновни што сте ги родиле во овој свет преполн со неправди, ќе морате едноставно да бидете отворени и сите работи искрено да ги делите“, изјавила Зета Џонс.

На „Инстаграм“ Кетрин објавила фотографија од нив двајцата, од вечерта кога се запознале на филмски фестивал во 1998 година. Двајцата ги спои нивниот заеднички пријател, актерот Дени де Вито.

Холивудската двојка ја имаат ќерката Карис Зета Даглас и синот Дилан Мајкл Даглас.

 

 

Scroll to Top