(Фото) Кијану Ривс по две децении има нова девојка

Глумецот Кијану Ривс по неколку децении повторно е заљубен, пишуваат американските медиуми. Ривс е во врска со 9 години помладата уметничка Александра Грант. Тој новата партнерка ја претстави во јавност овој викенд на црвениот тепих во Лос Анџелес по повод уметничка и филмска гала вечер.

Двојката досега се има појавено на многу заеднички настани, но никогаш јавно не признале дека се во врска. Се запознале на забава во 2009 година. Велат дека и двајцата ја делат љубовта кон книгите и уметноста.

Во 2011 година Кијану и Грант почнале да соработуваат за илустрациите на неговата прва книга Ode To Happiness. Исто така рачно ја илустрирала и книгата Shadows, објавена во 2015 година.

Последната девојка со која Ривс бил во врска е поранешната глумица Џенифер Сајм. Двајцата беа во врска во деведесеттите години, а се разделија недолго по семејната трагедија. Сајм на свет донесе мртвородено девојче Ава. Набрзо по трагедијата, се разделија. Џенифер две години подоцна, во 2001 година, загина во сообраќајка.

 

 

 

Scroll to Top