(Фото) Кијану Ривс со полуизбричена глава за улогата во „Бил и Тед“

Актерот Кијану Ривс во моментов го снима својот најнов филм Bill & Ted Face the Music, а за потребите на улогата, тој целосно се трансформирал. Актерот сега е со избричена глава до половина и со густа и долга брада.

На сетот Ривс носел кратка бела маица, која му била подигната. Актерот го покажа и својот дебел стомак. Филмот Bill & Ted Face the Music е продолжение на филмот од 1991 година Bill & Ted’s Bogus Journey.

Актерот неодамна стана ново заштитно лице на француската модна куќа Yves Saint Laurent. Директорот Ентони Вацарел, објави дека Ривс ќе стане модел на нивната кампања за есен. На модниот проект работел и фотографот Давис Симс, а фановите го пофалија Вацерал за изборот на Ривс.

Фотографиите на „Инстаграм“ собраа преку поеќе од стотина илјади лајкови.

„Ма како си само згоден. Колку си постар, толку си повеќе секси“, му порачаа обожавателките.

Актерот со години важи за голем хуманитарец. Тој во тајност добирал пари на болниците, а од пред некое време и има хуманитарна организација. Во последните години има донирано неколку милиони долари во детски болници.

„Точно е, постои хуманитарна фондација, но не сакам моето име да се поврзува со неа, туку таа сакам да помогне на оние на кои им е потребно помош“, изјавил Ривс.

 

 

Scroll to Top