(Фото) Клаудија Шифер гола на насловната на „Вог“ на 48 години

Една од најпознатите светски манекенки, Клаудија Шифер, на 48 години се сликаше гола за насловната страница на августовското издание на италијанскиот „Вог“. Германската манекенка со чанта и чевли ги покрива интимните делови од телото. „Ти благодарам ‘Вог’ за насловната страница“, напиша таа и на „Инстаграм“ објави слика од списанието.

Фотографијата доби само позитивни коментари, а фановите ѝ пишуваат дека изгледа фантастично. „Најдобар топ модел на сите времиња“, „Клаудија засекогаш“, се само дел од коментарите.

Шифер започна професионално да се занимава со манекенство на 17 години и брзо стекна светска слава. Работеше за најпознатите светски модни дизајнери и брендови како „Диор“, „Шанел“, „Версаче“ и многу други. Таа беше еден од најбараните топ модели во светот, заедно со Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Наоми Кемпбел. Неколку години беше во врска со магионичарот Дејвид Коперфилд, а во 2002 година се омажи со американскиот продуцент Метју Вон, со кого е се уште во брак.

Scroll to Top