(ФОТО) Кристина Агилера без шминка на насловната на магазинот „Пејпр“

Кристина Агилера  во својата 20-годиша кариера во јавноста секогаш се појавувала со многу шминка. Но, овој пат таа реши да покаже каква изгледа во природно издание, без нималку шминка на лицето.

На мајската насловна страна на „Пејпр“ е речиси непрепознатлива, без шминка, нокти со едноставен маникир, прстен на кој пишува „мајка“ наместо дијаманти.

Изданието го носи насловот „Трансформација“, а во него може да се види како таа изгледа кога не е на сцената.

Фотографиите се направени од Zoey Grossman.

„Секогаш сум сакала да експериментирам, ја сакам театралноста, сакам да создавам приказна и да играм улога во видеоспот или на сцена“, вели Кристина за магазинот.

„Јас сум изведувач, тоа сум по природа. Но, сега сум во поинакво место, дури и во музиката, каде го имам она ослободувачко чувство да соблечам и да тргнам сè од себе, да се цениш кој си ти и својата чиста убавина“, додава таа.

Scroll to Top