(Фото) Кристл од “Династија“ денес има 77 години и сеуште е убава

Актерката Линда Еванс, врвот во својата кариера го оствари со улогата на Кристл Карингтон во  популарната сапуница „Династија” која се прикажуваше од 1981 до 1989 година.

Периодов е актуелена преработката на серијата што се емитува на „Фокс лајф”.  Веројатно поттикнати од римејкот, медиумите периодов често пишуваат на теми поврзани со „Династија” од 80-те, а особено се задржуваат на актерската екипа.

Во низата такви навраќања, интересно е да се направи и споредба некогаш и сега, како Кристл, една од главните улоги, т.е актерката Линда Еванс, изгледа денес на 77-годишна возраст.

Од фотографиите што се објавуваат по светските медиуми,таа и во осмата деценија од животот и денес изгледа убаво, пренесуваат светските медиуми.

Линда е родена во 1942 година во Конектикат, САД. Се мажела два пати, но и двата брака неуспешно завршуваат со развод. Најголемиот успех во кариерата го постигнува токму со „Династија”, а Кристл е улогата по која сите ја препознаваат.

Серијата беше номинирана за „Златен глобус” за најдобра телевизиска серија од 1981 до 1986 година, а наградата ја доби само во 1983 година. Првата епизода на „Династија” на просторите на поранешна Југославија беше прикажана на 25 јуни 1984 година.

Scroll to Top