(Фото) Лејди Гага е повторно заљубена

Пејачката Лејди Гага е повторно заљубена пишуваат светските медиуми. Таа објавила романтична фотографија на социјалните мрежи со букет ружи.

„Италијаните готват со љубов“, напишала Гага под фотографијата.

Откако ја раскинала веридбата со Кристијан Карин, за нејзиниот љубовен живот не се знае премногу. Во јавноста се ширеа гласини дека Гага влегла во нова романса со Бредли Купер. Ваквите гласини не прекинуваат до ден денес.

Многу од обожавателите се обидуваа во коментарите да погодат кој е креаторот на новата фотографија на Гага. Нејзините најголеми фанови знаат дека таа е родена Италијанка и дека нејзините родители имаат италијански ресторан.

Иако нејзините корени не се тајна, многу фанови се прашуваат дали таа е повторно заљубена. Гага минатиот месец била уловена од папараците како се бакнува со нејзиниот соработник Даниел Хортон во Лос Анџелес.

Сепак дел од најжешките фанови сеуште сметаат дека таа е во врска со Бредли и дека актерот е мистериозниот маж кој се наоѓа со неа во моментите кога била направена фотографијата.

 

Scroll to Top