Светска поп-ѕвезда Лејди Гага деновиве е во Рим, каде што ќе го снима филмот „ Гучи“. Таа ќе ја игра улогата на Патриција Реџани, поранешната сопруга на Маврицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „ Гучи“. Патриција, попозната по прекарот Црната вдовица, поминала 18 години во затвор затоа што ангажирала професионален убиец за да го убие својот поранешен сопруг во 1995 година.
Режисер на филмот е Ридли Скот, а во него ќе играат и Роберт де Ниро, Џаред Лето, Ал Пачино и Адам Драјвер.
Позната по своите екстравагантни модни комбинации, Гага само мал број минувачи можеле да ја препознаат поради драстичната промена на нејзиниот изглед, особено на бојата на косата. Пред само неколку месеци таа имаше розова боја на косата, на инаугурацијата на Џо Бајден беше платинесто русокоса, а сега пејачката е бринета.