(Фото) Лејди Гага прошета гола покрај базенот

Пејачката Лејди Гага повторно го украде вниманието на социјалните мрежи. Таа по „Мет гала вечерта“ објавила фотографија на која е гола и шета покрај базен. На себе Гага имала само тагна и коктел во рацете.

„После долгата недела, време е за домашна забава“, напишала Гага под фотографијата.

Пејачката веќе со години е позната по своите шокирачки комбинации и постапки. Често знае да ја изненади публиката, а на себе имала од фустан направен од месо, до крзно буквално од глава до пети.

Пејачката пред неколку месеци беше во центар на вниманието поради нејзиното раскинување со вереникот Кристијан Карино. Како виновник за раскинувањето, американските таблоиди го посочија нејзиниот колега Бредли Купер, со кого Гага глумеше во филмот „Се роди ѕвезда“ и за чија улога доби „Оскар“.

 

 

Scroll to Top