(Фото) Леонардо ди Каприо ја продава својата вила во Малибу

Оскаровецот Леонардо ди Каприо сака да ја продаде својата вила во Малибу, која ја купи уште во 1998 година откако го сними „Титаник“. Тој вилата ја купи за само 1,6 милиони долари, а сега сака да ја продаде за десет пати повеќе.

Се работи за вила со поглед на океанот, изградена во 1950 година, а подоцна повторно обновена. Има површина од 1715 квадратни метри и се наоѓа на плажата царбон во Малибу. Местото е познати и како плажата на милијардерите.

Вилата има три посебни згради, главна куќа со четири спални соби, гостинска куќа со две спални соби и поткровје со дополнителна соба, вежбалница и уред. Куќата има два балкона, доволно пространи за одмор и уживање со поглед на плажа.

За потсетување, актерот ова лето купи четирисобна куќа во Лос Фелиз за 7,1 милиони долари.

Scroll to Top