Еден од најпознатите холивудски ергени Леонардо ди Каприо (39) има пуштено пивски стомак, пишуваат светските таблоиди. Папараците го снимиле актерот со неговата девојка Камила. И покрај непривлечниот изглед на Лео, сепак актерот вели дека нема проблем во освојување на симпатиите кај понежниот пол.
Dad Bod е најпопуларниот тренд на „Инстаграм“ каде се слави пивскиот стомак, а поборниците на движењето за свои претставници ги прозваа и Леонардо Ди Каприо.
Ди Каприо е познат како голем љубител на манекенки, па така низ неговиот љубовен живот, продефилирале голем број на познати топ модели. Од Жизел Будшен, преку Бар Рафаели, па до Тони Гарн и сега Камила.
Медиумите како интересен момент ја посочуваат Камила која е родена во 1997 година, кога премиерно беше прикажан филмот Титаник, со кој Ди Каприо се прослави. Лео и Камила се во врска уште од 2018 година, што претставува рекорд на Лео кој ги менува девојките како чорапи, пишуваат светските таблоиди.