(Фото) Леонардо ди Каприо во прегратка на својата девојка Камила

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (43) ужива во врската со помладата аргентинска манекенка Камила Мороне, но неодамна првпат биле фотографирани заедно во јавноста.

Оваа двојка е во врска веќе една година, но долг период вешто ја криеле од очите на јавноста.

Сега се уловени од страна на папараците како разменуваат нежности на фестивалот „Коачела“.

Еден од најпопуларните ергени во Холивуд пред само неколку месеци наполни 43 години, а и тогаш се шпекулирало за сега веќе добро познатата врска што ја има со манекенката.

Дали таа е избраничката што ќе го украси неговото срце и конечно со неа ќе застане на лудиот камен, времето ќе покаже, но фактот дека и двајцата се фатени како разменуваат страсни бакнежи, романтични погледи и прегратки говори сѐ.

Иако се обидувале да останат анонимни, сепак на крајот не успеале.

Интересен е и фактот што токму Камила неодамна снимила акциски филм „Смртоносна желба“ со најпознатиот доајен на холивудските филмови, Брус Вилис.

Scroll to Top