Една од најубавите светски манекенки, Линда Еванџелиста, денес полни 55 години. Но, некогашниот секс симбол, и жената позната по изјавата дека „не станува од кревет за помалку од 10.000 долари“, денес е здебелена и непрепознатлива. Таа последниве неколку години качи 15 килограми. Кога и да се појави во јавноста, Линда е без шминка и со несредена коса.
„Непрепознатлива, дури и неугледна“, пишуваат светските медиуми за новиот изглед на манекенката која во 1990те беше еден од топ-моделите, заедно со Синди Крафорд, Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер и Кристи Тарлингтон. Тогаш медиумите ја нарекуваа „кралица на трансформациите“.
Кога имала 16 години, Линда се натпреварувала на изборот Miss Teen Niagara каде не освоила ниту една награда, но му се допаднала на „ловец на таленти“ од “„Елит модел менамент“. Во 1984 година се преселила во Њујорк и почнала да снима.
На врвот од својата кариера станала муза на фотографот Стивен Мејзел и на дизајнерите Џани Версаче и Карл Лагерфелд. Сите нејзините соработници ја опишувале како девојка која е посветена на работата. Во текот на кариерата се појавила на над 700 насловни страници ширум светот.
Таа се појави и во спотот за песната Freedom на Џорџ Мајкл.
Линда во 1987 година се омажи за Жералд Мари, директор на модната агенција „Елит Европа“, а се разведоа шест години подоцна. Од врската со Франсоа Анри Пино во 2006 година ја роди ќерката Огустин Џејмс Евангелиста.