(Фото) Мадона им се исплази на фановите

Кралицата на поп музиката Мадона (61) по концертот во Чикаго  откако го напушти театарот ги изненадила собраните фанови кои ја чекаа по настапот. Таа им го исплази ајзикот, а потоа им се насмевна. Пејачката од театарот излезе во црни чизми и јакна од брендот „Версаче“, а кога ги здогледала своите обожаватели Мадона била прилично расположена.

Мадона во рамките на турнејата „Madam X“ веќе шест пати настапувала во Чикаго, а последниот настап беше во понеделникот. Кралицата на поп музиката изгледа одлично, а судејќи по интересирањето за нејзините концерти на пејачката се уште им пркоси на годините .

 

Просечната цена на картите за настапите на Мадона е околу 301 долар (се движат со цена од 50 до 757 долари), а ова е новиот рекорд затоа што досега најскапите влезници (270 долари) ги продавале Бијонсе и Џеј Зи заедно.

Scroll to Top