(Фото) Мадона се заљуби во 31 години помлад модел

Мадона е во врска со 31 години помладиот модел Ендру Дарнел, пренесоа светските медиуми. Тој во петокот вечерта стигна на нејзиниот концерт во Њујорк, а потоа двајцата заминаа на вечера на Менхетн.

Извор близок до нив за Page Six. рече дека двајцата се забавувале доцна во ноќта. Јаделе скапи специјалитети и пиеле уште поскапи вина.

„Дефинитивно, изгледаа заљубено. Цела ноќ отворено покажуваа страст еден кон друг во сепарето. А на момени и се бакнуваа“, откри изворот.

Како што пренесуваат медиумите, ова не е нивна прва средба. Двајцата биле видени за време на викендов, а заедно биле и на снимањето за Paper магазинот минатиот месец. За потсетување, Мадона претходно беше во врска со 28-годишниот танчар Ахламалика Вилијамс.

 

Scroll to Top