(Фото) Мадона во бурка шета низ Њујорк

Поп-ѕвездата Мадона на аеродромот во Њујорк се прошета во бурка. Облечена во тренерки и јакна, во комбинација со сандали од Луј Витон, таа на главата ставила бурка, а очите ги покрила со очила за сонце. Фотографите ја забележале кога од главата ја тргнала бурката за да помине на пасошката контрола на аеродромот.

“Мадам-X се крие на аеродромот“, напиша Роберт Хавиер кој објави слика на Инстаграм.

Мадона, која често патува во арапските земји и купува разни модни додатоци, многупати рекла дека не е роб на модата и дека се облекува како што е расположена. Американските медиуми, пак, напишаа дека бурката што ја носи е најверојатно заради нејзиното поранешно момче, Брахим Себет, кој е муслиман.

60-годишната Мадона минатиот месец се врати на музичката сцена по неколкугодишна пауза. Таа во моментов го промовира албумот „Мадам-Х“ и под тоа име се претставува во јавноста. Мадона треба да настапи и на финалето на Евровизија во Израел, на 18 мај. Израелските медиуми пишуваат дека таа ќе испее 2 песни и дека за тоа ќе добие 1,5 милиони долари.

 

Scroll to Top