Синот на легендарниот НБА-кошаркар Мајкл Џордан, Џефри Џордан, се оженил со Бугарката Радина Анева. Свадбата се одржала на 25 мај на Бахамите, а двајцата објавиле фотографии од фотосесијата што ја направиле на плажа за време на зајдисонце.
Двајцата фотографиите ги објавиле на „Инстаграм“ и напишаа „Господин и г-ѓа Џордан“. Џефри и Анева се заедно од 2017 година. Тој ја побарал з ажена својата девојка на романтично патување на Хаваите, а таа подоцна го запознала со нејзините родители во Бугарија.
Џефри и Анева добиле голем број честитки, особено од Бугарија. Анева живее во Соединетите Американски Држави од 2015 година и работи за телевизијата „20 Фокс“.
Џефри, кој на почетокот тргна по стапките на неговиот познат татко, пред неколку години ја заврши својата кошаркарска кариера.