(Фото) Мајли Сајрус објави фотографии од тајната венчавка со Лијам Хемсворт

Пејачката Мајли Сајрус сподели на социјалните мрежи досега невидени фотографии од нејзината венчавка со австралискиот актер Лијам Хемсворт.

Двојката се венчаше во декември минатата година, но не ѝ дозволи на јавноста да биде премногу запознаена со деталите од забавата.

Двојката не им дозволи на медиумите да бидат присутни на свечената церемонија, па фановите имаа можност само дополнително да видат делови од големата веселба.

Сепак постепено Мајли почна да открива повеќе детали. Вели инспирирана од Денот на вљебените, таа сака да ги почасти фановите со фотографии кои досега не биле објавени.

„Мојот пар за секој Ден на вљубените. Фала што секогаш се наведнуваш да ме прегрнеш. Ветувам дека секогаш ќе се трудам да да сè сретнеме на половина пат, така што ќе се поткревам на моите прсти. Те сакам“, напишала Мајли на фотографијата под црно белите фотографии со Лијам.

Фотографиите се објавени посебно на нејзиниот Инстаграм профил, а фановите и поделија голем број на честитки и пофалби.

Scroll to Top