(Фото) Мајли Сајрус се бакнува со девојката,затоа и се разведе по 8 месеци брак

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт се разделија. 26-годишната пејачка и актерка и 29-годишниот актер објавија дека се разведуваат по осум месеци брак.

„Мајли и Лиам се согласија да се разделат. Континуирано менувајќи се како партнери и индивидуи, тие одлучија дека најдобро е и двајцата да се фокусираат на себе и нивните кариери. Тие сè уште ќе останат посветени родители на сите нивни заеднички миленици. Ве молиме почитувајте ја нивната приватност“ – изјавил претставник за јавноста на Мајли.

Славната пејачка деновиве беше фотографирана како се бакнува со новата девојка Кејтлин Картер на одмор во Италија.

Scroll to Top