(Фото) Мајли Сајрус топлес на насловната страница на магазинот „Интервју“

Американската пејачка Мајли Сајрус се сликаше топлес за насловната страница на магазинот „Интервју“. Таа сликата ја објави на Инстаграм и доби над 1.7 милиони лајкови.

Интервјуто со Мајли го водел Ларс Улрих, тапанарот на култниот бенд „Металика“. Пејачката зборува за тоа како од миленик на тинејџерите, како Хана Монтана, стана вистинска рок-sвезда.

Мајли раскажува и дека секаде со себе носи две тетратки. Во една од нив се запишани сите нејзини вистини, вредности, нејзината цел, нејзиниот потенцијал, можности, но и обврски кон другите и кон самата себе.

„Постојано пишувам во таа тетратка. Неодамна запишав нешто мудро што го слушнав. Нешто за тоа колку е важен текстот во песната за да се поврзе публиката со песната. Сè е во зборовите. Кога ќе помислам на песната Nothing Else Matters, знам дека содржи сè што има и целиот мој систем на вредности“, рекла Сајрус.

 

Scroll to Top