(Фото) Македонски дизајнер ја облече Пенелопе Круз

Шпанската глумица Пенелопе Круз носеше креација од македонскиот дизајнер Тони Матически на доделувањето на наградите „Бамби“ во Берлин. Таа на црвениот тепих се појави во несиметричен црн фустан, гол на едното рамо, што ја следи линијата на телото. Светските стилисти го пофалија нејзиниот изглед, а фустанот на Матичевски го опишаа како „романтичен и беспрекорен“.

Scroll to Top