(Фото) Манекенката Бела Хадид анорексична

Една од најплатените манекенки на светот Бела Хадид е анорексична и непривлечна, пишуваат нејзините фанови на социјалните мрежи. 22-годишната манекенка се појави во елегантен црвен фустан на гала забава на познатиот бренд „Булгари“ во Рим и го привлече вниманието со тенката половона и слабите раце.

„Ја обожавам, ама никогаш не била толку слаба, изгледа болно и лошо. Бела, ме разочара“, напишала нејзина обожавателка која споделила слика од Бела на „Твитер“.

Не е првпат манекенката да привлече внимание со својот слаб изглед. Во медиумите често се пишува дека таа има строг режим на исхрана за да не се здебели и секогаш да е преслаба.