(Фото) Меган Фокс и Кортни Кардашијан со еротски пози продаваат долна облека

Актерката Меган Фокс и ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан се новите заштитни лица на брендот „Скимс“ на Ким Кардашијан. Сликани топлес и во еротски пози, тие ја рекламираат најновата колекција долна облека, која е наменета за сите дами.

Сликите од кампањата ги објавија на Инстаграм, а фановите на Ким велат дека ниедна претходна кампања не била толку жешка и заводлива.

Меган и Кортни се дружат од неодамна, бидејќи нивните партнери, музичарите Машин Ган Кели и Тревис Бејкер, се најдобри пријатели.

Scroll to Top