Меган Маркл и принцот Хари прославија половина година брак, гостувајќи во хуманитарната емисија „Royal Variety Show“.
За таа пригода, Меган се облече во црно-бел свечен топ со прерамки, кој го искомбинира со долго здолниште. Облеката е со потпис на брендот „Safiyaa“.
Долгиот, асиметричен топ го покрил нејзиниот труднички стомак, а нејзиниот моден избор многумина го сфатиле како одговор на критиките кои ги добила од кралицата зарда нејзиниот „холивудски стил“.
„Меган доби совет да почне малку повеќе да се ооблекува во стилот на кралското семејство, а помалку како холивудска ѕвезда“, открил извор од кралскиот двор, за „Daily Mail“.
Кралицата наводно е таа на која не ѝ се допаѓа стилот на Меган, а особено ѝ пречел фустанот со висок шлиц, кој Меган го носеше за време на турнејата со принцот Хари во Австралија.