(Фото) Меган во осмиот месец од бременоста во најкраткиот фустан досега

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, за време на Меѓународниот ден на жената учествуваше на панел дискусија за поддршка на најранливите луѓе ширум светот.

Меган која е во осмиот месец од бременоста, во јавноста се појави во мини фустан од брендот Reiss. Преку фустанот Меган имала облечено палто од брендот Александар Меквин, а носела и торба со потпис на Стела Мекартни и црни чевли од брендот Маноло Бланик.

Фондацијата на која кралицата е покровител соработува со бројни организации кои имаат за цел да допрат до сè поголем број на луѓе ширум светот.

Сопругата на принцот Хари ги здужила силите на панел дискусијата заедно со моделот Абоа, поранешната премиерка на Австрлија Џулија, новинарката Ен Мекелвој за да го одбележат Меѓународниот ден на Жената 8 Март.

Трибината следела откако Меган била прогласена за потпретседателка на една од кралските најголеми фондации Queen’s Commonwealth Trust чиј претседател е принцот Хари.

Меган говорела за проблемите на достапноста на образованиети и вработувањето на жените, како и за нееднаквоста на половите, како во Велика Британија така и во целиот свет.

Во својата нова улога Меган ќе воспоставува партнерства со младите луѓе ширум Комонвелтата, а особено ќе работи на поддршката на жените и девојчињата.

 

Scroll to Top