(Фото) Меколи Калкин ги насмеа фановите додека ја шеташе мачката

Глумецот Меколи Калкин повторно ги насмеа фановите, откако беше виден за време на една попладневна прошетка низ Лос Анџелес.

Тој со девојка му, глумицата Бренда Сонг, биле снимени од папараците додека ги шетаат домашните миленици. Додека Бренда го шеташе кучето, Меколи ја туркаше количката со мачката.

Фановите се пошегуваа со него и му напишаа дека изгледа како семеен човек, а дека мачката изгледала како да му е бебе. Двојката ретко се појавува во јавност, но секогаш знаат да ги насмеат фановите и да го привлечат нивното вниманието.

Минаа години од снимањето на филмот „Сам дома“, кои и понатаму се прикажува на телевизиите во пресрет на Божиќ. Филмот стана традиција, а малиот Кевин остана популарен и обожаван од голем број фанови. За многумина Меколи остана мало дете и го гледаат како палавиот Кевин.

Тие коментираат дека не можат да веруваат дека Меколи има 40 години. Ѕвездата од урнебесната комедија, пред некој месец и се пошегува на социјалните мрежи за неговите години. Тој го прослави 40 роденден, а со објавата на „Твитер“ покрена лавина коментари.

„Еј луѓе, сакате да се чувствувате старо? Јас имам 40 години. Нема на што. Сега кога имам 40 години, време е да упаднам во средновековна криза. Мислам дека ќе почнам да се занимавам со сурфање. Имате ли вие некакви сугестии?“, напиша глумецот.

Меколи долго време се бореше и со зависностите од дрога, таблети и алкохол, поради што сериозно му беше нарушено неговото психичко и физичко здравје. Многу фанови се израдуваа кога дознаа дека од пред две години, тој повторно застана на свој нозе.
Меколи четири години беше во брак со неговата колешка Рејчел Минер, а десет години ги помина во врска со глумицата Мила Кунис. Од 2017 година е во врска со глумицата и пејачка Бренда.

 

Scroll to Top