(Фото) Мелани Грифит позираше во долна облека

Познатата американска актерка Мелани Грифит (62) ги собра комплиментите на социјалните мрежи откако објави фотографија на која позира во долна облека.

Таа промовираше нови парчиња на брендот Kit Undergarments.

„Овие две неверојатно талентирани стилистки, Џејми и Симон, го создадоа брендот Kit Undergarments и морам да ви кажам дека ми се допаѓаат сите парчиња од првата колекција. Она што мора да го знаете е дека дел од сè она што е купено, оди во хуманитарни цели. Следете ги“, стоеше под објавената фотографија на актерката.

 

Обожавателите на Грифит го пофалија нејзиниот изглед, посочувајќи дека изгледа совршено во седмата деценија од животот.

Во неколку наврати, актерката ќе каже дека целиот живот посветено вежба јога и пилатес и ужива во здравата храна со минимално внесување на јаглехидрати.

 

Scroll to Top