(Фото) Мелани Грифит само во долна облека за да ги поддржи жените болни од рак на дојката

Мелани Грифит објави фотографија на Инстаграм на која е во розова долна облека како седи на работ на мермерна када. Објавата на познатата актерка воодушеви многу обожаватели, но и нејзини колеги. „Каква мама!“ и напиша актерката Џејми Ли Кертис.

„Изгледаш убаво“, коментира Румер Вилис, ќерка на Брус Вилис и Деми Мур.

Иако доби комплименти, нејзината цел била да ја подигне свеста за ракот на дојката и да собере пари потребни за истражување на терапии и лекови. Долната облека што ја одбрала за фотографијата е исто така значајна, бидејќи е дел од линијата од чија продажба ќе бидат исплатени средствата за работата на организациите што се занимаваат со оваа малигна болест.

Scroll to Top