Првата дама на САД, Меланија Трамп, на состанокот во Вашингтон со директорот на Американскиот оддел за национална политика за контрола на дрогата, Џими Керол, се појави во тексас издание со потписот на Викторија Бекам. Модните критичари се согласуваат дека Меланија è една од најдобро облечените први дами.
Истата тексас кошула која може да сè комбинира на многу начини, го носела и самата дизајнерка Викторија Бекам во јуни минатата година.
Овој софистициран изглед, Меланија го заокружла со беж сандали и стилизирана коса со лесно завиени краеви и дискретна шминка.
Како и обично елегантната Меланија воодушевила со својот моден избор на кој нема што да ѝ се приговори. Згодната бринета играла на картата на минимилизација, што и овој пат се покажало како добитна комбинација.
Голем број од нив, многу често ја споредуваат и ја нарекуваат наследничка на легендарната поранешна прва дама Џеки Кенеди. За неа велат дека секогаш знае да го погоди изборот на облека соодветно со настанот.
Општо познато е дека убавата Словенка има сајен моден стил и дека со лесностија ги погодува комбинациите, а модните критичари тешко можат да ѝ пронајдат маани.